30 Септември, 2024
0.0280

Армијата ќе ја чува границата, а ќе ги обезбедува и Владата, Собранието и затворите

Објавено во: Македонија 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Армијата од денеска и официјално многу директно ќе се вклучи во поддршка на сите државни институции во справување со последиците на коронавирусот и епидемијата. Ќе бдеме на првата линија на одбрана на здравјето на граѓаните. Армиските припадници ќе бидат секаде каде што е потребно, изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Уредбата има законска сила и на АРМ и дава обврска во услови на вонредна состојба да биде во поддршка на државните органи, а особено на Полицијата.

Формиран е Оперативен штаб меѓу полицијата и Армијата, во кој се дефинирани прецзно начините како АРМ ќе и асистира на Полицијата.

Првата задача е целосно преземање на контрола на граничната линија од страна на граничната полиција. Тоа не значи дека војниците ќе ги контролираат нашите гранични премини, тука ќе продолжи да биде ангажирана Полицијата, но целата ткн. зелена линија на нашата граница ќе биде контролирана и под надзор на припадниците на АРМ, со цел да се спречат нелегални влезови и излези. 

„Со ова ќе овозможиме полицијата еден дел од своите сили да може да ги повлече од границите без никаква опасност по земјата и да се сконцентрира на задачите дома, внатре во земјава“, рече вицепремиерката.

Втора задача на војниците ќе биде заедничко учество во мобилни екипи Полиција-Армија, кои ќе спроведуваат проверка на влезови и излези од населен места, особено во кризните подрачја, но и мобилни пунктови и контролни точки во реоните на ангажирање. Тие тимови ќе спроведуваат и контрола на почитувањето на полицискиот час, на самоизолацијата, и ако таа не се почитува, веднаш да се изрекуваат мерки, но и овие лица да се упатат во ткн. државен карантин.

Третата задача на АРМ е да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти кои досега беа обезбедувани од МВР. Тоа значи дека АРМ ќе ги преземе Собранието, Владата, но и важни локации, на пример затворите. 

„Треба никој да не се грижи дали затворите се под контрола. АРМ нема да биде затворска полиција, но ќе биде надворешно обезбедување“, нагласи Шекеринска.

АРМ ќе функционира исклучиво во комбинирани тимови со МВР, бидејќи Полицијата е вежбана и обучувана да се справува со цивилни закани, но ќе даде силна поддршка со луѓе и опрема за полицијата да ги спроведе овие задачи. 

Полската болница која ја има Армијата сега целосно ќе се стави во функција на јавното здравје и ќе биде лоцирана на непосредна близина на Инфективна клиника. 

Зависно од ситуацијата и владините одлуки, така ќе го димензионираме и присуството на војниците, но плановите се веќе направени и ќе функционираат уште од денес. 

„Ги повикувам сите припадници на АРМ, војници и офицери, да ја покажат својата максимална ангажираност и лојалност, ова се моменти кога државата сака да се потпре и на нив“, рече министерката.

Се работи за високо обучени лица, кои се вежбани за вакви моменти.

Битката нема да биде лесна. Одлуките да се ангажира АРМ не беа лесни, но беа оправдани.

АРМ стави на располагање се што има и се што може за да и помогне на Полицијата и на државата.  

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО