20 Декември, 2025
0.0529

Армиските офицери за 700 илјади евра ќе се подноват со нови униформи

Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2013 20:20

Добивај вести на Viber

Армиските офицерите и подофицери ќе добијат нови униформи. Маслинестата боја ја менуваат со темно сина, по германски терк исто како и метеријалот. Така, се посочува дека униформата главно ќе биде изработена од 65 проценти волна и 35 полиестер. Надлежните појаснија дека новите униформи ќе одговараат за сите годишни времиња, а ќе бидат и поелегантни. Ги креирал тим од дизајнери, а првите парчиња ги изработи тетовски „Тетекс“. За да се опремат сите службеници потребни ќе бидат над 700 илјади евра, ако се земе во предвид пријавената цена дека машки комплет од панталони, кошули, палто, капут, шапка, вратоврска чини околу 16 илјади денари, односно за две илјади повеќе кај женските униформи. „Ддел од финансиските средства во буџетот за 2014 година ги имаме обезбедено за првичните работи околу матерјалот и почетната можеби количина за првите униформи до крајот на 2014 година, во првата половина од 2015 година да се заокружи процесот за целиот состав и за Денот на АРМ, во 2015 година да биде заменета старата со новата униформа“, рече министерот  за одбрана Талат Џафери . Според најавите, опремувањето на припадниците на АРМ ќе почне во 2014 година. Во 2014 и 2015 година, најави началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Котески, се планира да се изврши целосно опремување на припадниците на АРМ со новите службени униформи. Најпрво ќе биде произведено платното, кое по составот и квалитетот е најслично со платното од кое е изработена германската службена униформа.- „Платното настојувавме да биде произведено во Република Македонија. Бојата е избрана според анкетите направени меѓу припадниците на АРМ. Изработката на шапките затоа што е малку специфична, најверојатно ќе биде надвор од Република Македонија“, појасни началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески Тој истакна дека новата службена униформа ќе биде многу подобра од старата, а ги исполнува и сите НАТО стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии