Арсовска: Го најдовме споменикот на Ќосето
Објавено во: Македонија 26 Април, 2022 10:20
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во своето последно интервју изјави дека долго време го барале споменикот на Андон Јанев-Ќосето, кој во текот на 2018 година беше отстранет од пред Врховниот суд.
„Споменикот на Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Два месеци се обидувавме да го најдеме. Кружеа гласини дека е стопен. Да не се грижат гражаните, пронајден е споменикот. Во добра состојба е, а за негово поставување ќе ги прашаме граѓаните", рече Арсовска.
Пред четири години како дивоградба пред Врховниот суд остана само постаментот на кој стоеше споменикот на контроверзниот револуционер Андон Лазов Јанев Ќосето. Во текот на ноќта, служби на Град Скопје го отстранија споменикот и го сместија во магацин на Металскиот завод Тито.
Споменикот беше поставен ноќата меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како дел од проектот „Скопје 2014“, а беше пријавен како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




