30 Септември, 2024
0.0253

Арсовска: Град Скопје не е одговорен, концесијата на БЕГ е од Владата

Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како претседателка на заедницата на општините ЗЕЛС упати повик до Владата да свика итен состанок поради енергетската криза и виосоките сметки кои локалните самоуправи ги имаат за електрична енергија.

„Сметките за електрична енергија се драстично зголемена и се доведува ликвиднста во прашање. Останатите потреби на граѓаните не можат да се сервисираат, поради тоа што единствено од буџетите се покриваат трошоците за електрична енергија. Некаде се за повеќе од 5 пати зголемени, односно за 500 отсто. а тоа се се должи на раскинатите договори.“, рече Арсовска.

Како илустрација, на прес-конференцијата на ЗЕЛС беше наведено дека Струмица од 7 милиони, добила зголемена сметка за струја на 25 милиони денари, Гевгелија од 400.000 на 2,9 милиони, Чаир од 500.000 на 1,4 милиони, Ѓорче Петров од 700.000 на 3 милиони.

Претходно мандатарот Димитар Ковачевски рече дека според законите, топлинската енергија и БЕГ, односно целата инфраструктура за затоплување со парно греење е во надлежност на Град Скопје.

Арсовска ова го демантира, но ја поздрави најавата на Владата за ставање на БЕГ под привремена принудна управа.

„Јас ја поздравувам изјавата, но обврската е на Владата, од неа БЕГ има добиена концесија и надлежноста не е на Град Скопје До 15 септември најголемиот дел на влади во Европа имаат превземено мерки за овие шокови. Општините поради слабата децентрализација имаат лимитирани приходи и не треба да се префрла топката на локалните единици.

Префрлањето на вина не е основано, кризата е започната од август месец, но Владата не превземала никакви чекари. Владата да превземе целосна одговорност и да и помогне на локалната самоуправа“, повика Арсовска.

Можеби ќе ве интересира

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

„АКО КОСТАДИНОВ Е ПРОБЛЕМОТ, ЈА ИМАТЕ МОЈАТА ОСТАВКА“: градоначалникот на Струмица бара чиста вода за жителите

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ВРЕДИ: 100 ДЕНА НОВИ ПОЛИТИКИ И БОРБА ПРОТИВ СТАРИТЕ НАВИКИ - борба за санкционирање на сите кои се огрешиле

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ПОЧИНАТ ВЕЛЕШАНЕЦ (43) ПРОНАЈДЕН ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ - причините за смртта мистерија

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО