Арсовска: Мицкоски знаеше повеќе од мене за тендерот
Објавено во: Македонија 23 Септември, 2022 10:23
Данела Арсовска вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Христијан Мицкоски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ знаел повеќе детали за јавната набавка на пречистителна станица од над 130 милиони евра преку ЈП Водовод и канализација - Скопје, откако што таа самата како градоначалник на Град Скопје имала детали за постапката.
Таа вели дека Мицкоски е многу добро запознаен со сумите за тендерот на Водовод и Европската инвестициона банка вреден над 130 милиони евра кои биле доверливи.
„Со самото тоа што некој сите овие месеци ги криел процесите кои се одвиваат таму, а јас како градоначалник не сум добила ниту една пишана информација, ниту пак Советот добил било каква информација врзана за сите овие дејствија таму, а од друга страна видовме дека тука, токму во вашата емисија, претставникот кој што беше на опозициската ВМРО-ДПМНЕ богами и како тоа добро е запознаен со сите постапки, со сите суми, со сето она што се одвивало таму. Сметам дека е сериозна индиција за тоа што се случувало таму“, рече Арсовска во „КликПлус“.
Таа додава дека штом можело некој од надвор, за нешто што се квалификува како доверливо, толку многу добро да е информиран смета дека органите во Македонија ќе имаат со што да се позанимаваат во следниот период.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




