АРСОВСКА: Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2025 17:19
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска попладнево на Фејсбук повторно реагираше за инцидентот кој се случи вчера во Чаир и каде маж ја нападна.
Вели дека министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веруваше на изјавите на командантите на ОВК, дека напаѓачот бил жртва - односно тврдеше дека таа нападнала командант на ОВК.
„Снимката која е службена тајна и дел од истражна постапка, МВР сами ја лиферуваа во медиуми каде е скратен делот како ме напаѓа и потенциран е делот каде се бранам, за напаѓачот да го прават жртва според сценариото на Тошковски. По 3 часа во болница каде бев придружувана од интервентна полиција, ми се констатирани трауми, по што бев во станица и откако МЕ ДРЖЕА ПОВЕЌЕ ОД 2,5 ЧАСА и се обидуваа да ги сменат околностите и изјавата, прашувајќи зошто сум била таму, што мајка сум барала, не сум требала да одам, станав и заминав. Среќа по доказите и изјавите постапи Основното јавно обвинителство Скопје“, пишува Арсовска.

Полицијата за Арсовска обезбеди 24 часовно полициско обезбедување.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




