18 Декември, 2025
0.0852

Aрсовска за Фактор: Трубарево не е под надлежност на Градот, а Вардариште ја исчистивме, остана делот под надлежност на Гази Баба

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2025 12:37

Добивај вести на Viber

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска не се појавила на местата каде гореа депонии низ Скопје од различни причини.  Во изјава за Фактор, а на прашањето зошто ја немаше додека гореа депонии во градот чиј градоначалник е таа, вели дека дивата депонија Вардариште ја исчистила нејзината администрација. Трубарево пак, не било под надлежност на Скопје.

„За прв пат по 60 години град Скопје во целост го исчисти делот на старата градска депонија Вардариште кој беше под надлежност на јавното претпријатие Комунална Хигиена и на таа локација повеќе не се генерира отпад. Останатиот дел од таа локација кој се протега на 60 илјади метри квадратни е надлежност на општина Гази Баба и општината има право и обврска да го одржува или оплемени просторот, со своите инспекциски служби да делува на лицата кои се обидуваат да креираат диви депонии, а надлежност има и Министерството за животна средина кое со Државниот инспекторат може да делува за санкционирање на истите сторители како и општината. Дополнителна надлежност за дивите депонии и потпалувачите на отпад има и Министерството за внатрешни работи“, вели Арсовска за Фактор.

Во Трубарево не заминала, бидејќи таму нема никаква надлежност.

„Трубарево е надвор од ГУП и град Скопје нема никаква надлежност таму. Тоа е исто како да прашувате зошто како градоначалник на Скопје не сум ги посетила депониите во Тетово или Кочани“, ни одговори Арсовска.

Иако беше прашана за сите три депонии, Арсовска не даде одговор во врска со депонијата Дрисла, која исто така беше опожарена.

Александар Тодески

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје