Арсовски одговори кога ќе биде отворен Македонски културен центар во Благоевград
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2022 16:48
Македонскиот културен центар во Благоевград во Бугарија ќе биде отворен до крајот на годината.
Владиниот портпарол Душко Арсовски вели дека неговото име ќе се определи во комуникација со нашиот Институт за национална историја.
„Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела најави дека планира да го запознае својот бугарски колега Кирил Петков дека како Влада во текот на оваа година имаме намера да отвориме нов културен центар во Благоевград“, изјави Арсовски.
На прашање до каде се проверките на Владата за легитимноста на постоењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола, Арсовски посочи дека се собираат информации за начинот на кој е регистриран тој клуб. Кажа дека јавноста наскоро ќе биде информирана и за ова прашање.
„Тоа што е важно е дека се разгледуваат повеќе опции и институциите ќе постапат соодветно во овој случај“, додаде Арсовски.
Овој клуб поттикна бројни реакции во јавноста. Граѓаните го доживеаја како провокација, а реакции имаше и од повеќе партии.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




