Арсовски: Владата смета дека Бучковски е одличен познавач, ќе придонесе позитивно во процесот со Бугарија
Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020
Владо Бучковски е одличен познавач на состојбите, има добри контакти со Бугарија и ќе придонесе позитивно за процесот и односот со оваа земја, изјави денеска портпаролот на Владата Душко Арсовски на прашањето по кои критериуми се водела Владата кога вчера на седница го избра Бучковски за специјален претставник на нашата земја за Бугарија.
„Бучковски е одличен познавач на македонско-бугарските односи, почитуван е од бугарските општествени и политички чинители, има добри контакти со Бугарија и добро е примен во тамошната јавност. Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрување на односите со соседна Бугарија. Треба да придонесе кон создавање позитивна атмосфера за да се надмине проблемот со Бугарија, рече Арсовски.
Бучковски има мандат од една година како претставник за Бугарија. Тој денеска изјави дека ова е предизвик и за него, но тврдеше дека е убеден дека ќе успееме оти сме биле блиску до излезни решенија. Сепак рече дека е недопустливо ние да бидеме понижени.
На пресконференцијата Арсовски рече дека нема да се коментираат изјавите на премиерот Бојко Борисов и дека Македонија нема да се меша во внатрешни работи на соседите. Уверуваше дека ставот на Владата ќе остане дека македонскиот јазик и народот се неспорен факт и дека ќе бидеме дел од Европската Унија како Македонци кои зборуваат македонски јазик
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.