АРТАН ГРУБИ: Да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2020
Смирувачка порака денеска упати Артан Груби од ДУИ на Фејсбук.
„Време е за умереност, смиреност и да ги засукаме ракавите со цел да продолжиме на нашиот евроатлански пат, толку потребните реформи кон вистинско владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, но и економско закрепнување за да се поправат последиците од ковид-19 со воспоставување на одговорни институции“, напиша Груби.
ДУИ претходно најави дека ќе инсистира на премиер Албанец, иако претходно ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се изјаснија дека тоа е неприфатливо, од аспект што мандатар е тој кој ќе добие најмногу мандати од граѓаните.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.