„АРТАН ГРУБИ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД ДУИ“??? - дали е блеф или матичната партија се откажува од еден од своите најистурени играчи
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2024
Артан Груби го нема да се огласи на ниту една социјална мрежа, откако првично напиша дека отишол во приватна посета на Косово.
Неговиот некогашен сопартиец, а сега вицепремиер Изет Меџити, смета дека тој можеби е во Албанија.
Но, она што е интересно, е како денеска се произнесоа од неговата матична партија ДУИ за Артан Груби, е дека не ги коментираат наводите на Меџити, бидејќи, како што изјавиле за ТВ 24, „Груби“ повеќе не е дел од ДУИ“.
Малку необично така да коментира една партија за еден од своите до скоро најистурени играчи, човекот кој секогаш му беше десна рака на Али Ахмети.
Како што е веќе познато, Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Прпарим Бајрами, се осомничени дека како соизвршители и одговорни лица во тоа државно акционерско друштво, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности, во 2023 година направиле штета на акционерското друштво со намера противправно да прибават буџетски средства на Лотарија во износ од над 8 милиони евра. Обвинителството ги сомничи за кривичното дело проневера во службата.
Кривичниот суд им одреди 30-дневен притвор, кој ќе почне да се спроведува по нивното обезбедување во земјата бидејќи во моментов не се достапни за органите на прогонот.
За Груби и Бајрами се објавени меѓународни потерници.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.