21 Декември, 2024
0.0290

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Дел од граѓаните, иако гасење на водата беше најавено за нивните населби, се уште имаат вода. 

Таква е на пример општината Кисела Вода, каде се досега, водата нема секнато од чешмите. 

Дел од медиумите пак јавуваат дека, според нивни извори, интервенцијата на водоводната цевка на улицата Никола Парапунов во Карпош, е при крај. 

Според најавите на „Водовод и канализација“ се очекува зафатот да трае 15 часа, што значи дека водата попладне ќе се врати во чешмите.

Институтот за јавно здравје денеска издаде препораки кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде пуштена.

„Имајќи предвид дека е најавен прекин на водоснабдувањето, населението треба да биде запознаено и информирано дека ризиците по здравјето може да се јават не само за време на недостатокот на вода туку, дури и да се зголемат после пуштањето на водата за пиење во водоводната мрежа односно по отстранување на дефектот“, соопшти ИЈЗ.

Како превентивни здравствени мерки и мерки на внимателност од ИЈЗ препорачуваат.

– Граѓаните да не ја пијат веднаш водата по нејзиното пуштање во водоводната мрежа зашто контактното време на резидуалниот хлор и водата во мрежата (време потребно резидуалниот хлор да почне да делува врз микробиомот присутен во водата), во услови на пониски амбиентни температури може да потрае и до 1 час.

– Може да се очекува водата за пиење по пуштањето во водоводната мрежа да ја промени бојата, да добие невообичаен мирис, да има видлива заматеност или евентуално страни тела, како ситни зрнца песок, инсекти и сл. Во таков случај, повторно се препорачува водата да не се пие сè до момент на стабилизација на тие органолептички својства (боја, мирис, вкус, заматеност).

– Непосредно после доаѓањето на водата во водоводните цевки во домовите, потребно е да се испуштат сите чешми во домот да истечат неколку минути, па да се провери дали органолептичките својства се во ред, па дури потоа да се пие.

– По добро истекување на водата, потребно е почесто и добро да се исчистат мрежичките на чешмите (со средство за чистење бања или бел оцет).

– Како дополнителна мерка на внимателност се препорачува, доколку граѓаните сепак одлучат веднаш да ја пијат водата, истата да се преврие многу кратко (1-2 минути), потоа да се разлади и да се консумира.

– Граѓаните треба да имаат предвид дека превриената вода го губи благопријатниот вкус. Истиот може да се подобри доколку водата се претура од една во друга чаша неколку пати, со цел да врзе повеќе кислород од воздухот (процес наречен аерација).

– Најдобро е во текот на првите часови после пуштањето на водата во водоводната мрежа, граѓаните сè уште да консумираат пакувана вода, сè до добивањето на известување од јавното претпријатие дека водата е исправна и безбедна за консумација.

– Во однос на водата за капење, препорачуваме после доаѓањето на водата во водоводната мрежа, задолжително да се зголеми температурата на водата во бојлерите (во кујна, бања и сл.), со цел дополнително превентивно термичко уништување на бактериите доколку потенцијално навлегле во водоводната мрежа.

– Најдобро е температурата на топлата вода во чешмите да биде над 55 степени, но сепак потребна е мерка на внимателност да не дојде до изгореници, особено кај мали деца или повозрасни лица.

Од ИЗЈ додаваат дека е важно да се почитуваат препораките од надлежните институции.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

ДВАЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНСКИ ЛЕКАРИ НЕСЕБИЧНО СПАСУВАА ЖИВОТИ НА НАСТРАДАНИТЕ ВО НАПАДОТ ВО МАГДЕБУРГ - горда е македонската амбасада на нашата дијаспора

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат