Добивај вести на Viber
Вчера во дворот на фабриката на АрцелорМиттал Скопје, беше одбележан Денот на здравјето и безбедноста, кој претставува еден од најважните денови за АрцелорМиттал во целиот свет, бидејки здравјето и безбедноста се едни од клучните приоритети за успешно реализирање на работата на оваа групација.
На настанот присуствуваа и свое обраќање имаа генералниот извршен директор на АрцелорМиттал Скопје, господинот Хуан Педро Хименез Наварро и актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, господинот Тони Трајковски кој истакна дека е особено горд што во својата општина има компанија како АрцелорМиттал Скопје која вложува не само во заедницата каде работи, туку и во своите вработени.