ASCEND 2030: ГРУПАЦИЈАТА NELT ЗАПОЧНУВА НОВ ПЕТГОДИШЕН СТРАТЕШКИ ЦИКЛУС
Објавено во: Мои пари 26 Јуни, 2025 14:32
Инвестициите растат на 400 милиони евра: следното искачување кон одржлив раст и иновации
Групацијата Nelt денес во Белград ја претстави новата стратегија „Ascend 2030“, петгодишна стратегиска рамка која го дефинира амбициозниот развоен план на компанијата. Стратегијата предвидува инвестиции од над 400 милиони евра во инфраструктура, дигитална трансформација, зајакнување на организацијата и аквизиција на производствени и дистрибутивни компании на пазарите каде што Nelt е присутен.
По успешно реализираниот циклус „Accelerate 2025“, новата фаза донесува фокус на дополнително јакнење на организацијата, аквизиции, дигитализација на работењето, , воведување напредни решенија со вештачка интелигенција (АИ) и силна ESG агенда (Еколошка, социјална и управувачка агенда).

Стратегијата беше претставена во хотелот Хилтон во Белград, пред 250 менаџери на Групацијата Nelt, од страна на Извршниот одбор на компанијата, вклучувајќи ги потпретседателите за пазарите на Србија, регионот Адриа, Африка и Nelt брендовите на Нелт, како и извршните директори за финансии, човечки ресурси, информациски технологии, стратегија и трансформации.
„Претходниот стратешки циклус беше многу успешен за нас. Врз основа на тој успех, ’Ascend (Искачување) 2030‘ ја трасира наредната фаза од нашиот развој. Со инвестициски план вреден 400 милиони евра во наредните пет години, имаме амбиција дополнително да ја зајакнеме нашата лидерска позиција во дистрибуцијата, да го прошириме портфолиото на нашите брендови и да ги зголемиме капацитетите на логистичките услуги,“ истакна Дарко Лукиќ, генерален директор на Групацијата Nelt, кој годинава ја одбележува првата година од својот мандат.

ASCEND 2030 – НАРАТИВ
„Ascend 2030“ претставува ново поглавје во работењето на Групацијата Nelt и ја симболизира амбицијата на компанијата да се издигне на уште повисоко ниво на ефикасно, одговорно и одржливо работење. По фазата на забрзување, која го насочи Nelt кон трансформација, проширување и раст на приходите, „искачувањето“ ја претставува следната етапа што бара зајакнување на организацијата и унапредување на компетенциите, процесите и технологиите.

ЦЕЛИ И ПРЕДУСЛОВИ НА СТРАТЕГИЈАТА „ASCEND 2030“
Целите на стратегијата „Ascend 2030“ се одржлив и забрзан раст на приходите на Групацијата Nelt на повеќе од 2 милијарди евра преку инвестиции, аквизиции, нови партнерства и иновации во брендовите.
За реализација на овие цели, стратегијата се фокусира на следниве предуслови за успех: градење развоен начин на размислување, поедноставување и стандардизација на процесите, развој на клучни компетенции, автоматизација на логистичките операции, имплементација на SAP S/4HANA ERP системот, дигитализација и развој на луѓето и талентите.
ПР објава* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





