19 Декември, 2025
0.0404

АСОМ: Апсолутно не прифаќаме решение со кое се монополизираат игрите на среќа преку Интернет

Објавено во: Мои пари 18 Февруари, 2023 12:45

Добивај вести на Viber

Асоцијацијата на спортски обложувалници преку соопштение за јавност ги отфрли сите предлог измени на Законот за игри на среќа кои Владата на седница одржана на 07.02.2023 ги прифати, како што велат, на недемократски и нетранспарентен начин.

Во својата реакција, АСОМ наведува дека покрај спорната дислокација на уплатните места на повеќе од 500 метри од училиштата која со сигурност ќе ја згасне целата индустрија, спорна е и забраната за приредување на игрите на среќа преку Интернет.

„Новото законско решение не им дозволува на постоечките лиценцирани приредувачи на игри на среќа да приредуваат посебни игри на среќа преку Интернет, со што официјално се монополизира приредувањето на игри на среќа преку Интернет, а ексклузивното право на тоа ѝ припаѓа на државата“, се вели во дописот на АСОМ.

Со ова Асоцијацијата алудира на Државната лотарија на Македонија, која согласно новите измени на Законот на игри на среќа ќе биде единствениот субјект кој ќе може да приредува игри на среќа на Интернет. Велат дека Интернетот како медиум никој нема право да го монополизира и бараат либерализирање на пазарот, со соодветни процедури, како што е пракса во светот.

Од АСОМ апелираат дека Интернетот единствено е медиум, односно канал, преку кој обложувалниците ги приредуваат игрите на среќа за кои и онака имаат лиценца и целосно е апсурдно да им се ускратува правото за приредување на игрите на нивните веб-страници, а пак да можат истото да го прават во самите уплатни места. Велат дека ускратувањето на ова право Владата го прави на неуставен начин, спротивно на европските стандарди и потсетуваат дека тоа се всушност истите игри кои ги приредуваат во лиценцираните објекти непосредно на терен.

Инаку, за потсетување, Северна Македонија е единствената земја во регионот која нема он-лајн игри на среќа, а ова како заклучок беше извадено и од регионалниот состанок на здруженијата за игри на среќа одржан во склоп на 13-тиот Саем на игри на среќа „BELGRADE FUTURE GAMING 2021“.

Во време на рестрикциите од Ковид пандемијата, Владата со Уредба овозможи времено приредување он-лајн игри на среќа преку македонските лиценцирани сајтови, за што од АСОМ уште тогаш изјавија дека е одлично решение за бизнисот и за државата и побараа од Владата итно и трајно овозможување на он-лајн игри на среќа преку сајтовите на македонските лиценцирани обложувалници.

„Пандемијата и мерките кои ги презема државата за заштита од Ковид-19 сериозно влијаат на работата на спортските обложувалници и сето тоа ги доведува во прашање опстанокот на бизнисот и ги загрозува работните места на вработените во спортските обложувалници. Оттука, сметаме дека он-лајн игрите на среќа се безбедно решение за играчите и одржливо решение за нашата индустрија која има силен социо-економски придонес во државната економија, особено во ситуација на актуелната пандемија со која се справуваат државата и светот“, рекоа тогаш од АСОМ.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии