21 Мај, 2024
0.0252

Аспиринот го намалува ризикот од рак на простата

Објавено во: Стил 03 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Секојдневното земање на аспирин во продолжение од 5 и повеќе години го намалува ризикот од рак на простата и на други канцерогени заболувања за 38 проценти.

Ова важи и за примање на аспирин во мали дози, на пример 80 грама дневно, покажува истражувањето на Медицинскиот колеџ на Универзитетот Вандербилт во Нешвил, американската сојузна држава Тенеси.

Во истражувањето учествувале 6 300 мажи, од кои половина земале аспирин, а другата половина - не, раскажува „Tech Time“.

По четири години резултатите покажале дека во групата, земала аспирин (и други нестероидни антиинфламаторни препарати), ризикот од рак на простата бил со 13% помал во споредба со мажите кои не ги земале овие лекови.

Ризикот од развој на други канцерогени форми во првата група бил соодветно со 17% помал во споредба со втората групата учесници.

Ефикасноста на аспиринот против ракот на простата беше потврдена порано и од друго истражување, извршено овој пат од Универзитетот Дјук.

Веројатно воспалителните препарати на кои им припаѓа и аспиринот, го намалуваат нивото на простатитниот специфичен антиген (ПСА). Неговото зголемување го зголемува ризикот од рак на простата.

Друго истражување покажа дека ако човек на возраст 50-65 години зема секојдневно аспирин во период од 10 години, ризикот од рак и на кардиоваскуларните заболувања опаѓа со 9% кај мажите и околу 7 отсто од жените.

Вкупниот коефициент на смртноста кај секојдневно земање на аспирин во текот на 20 години паѓа со 4 проценти. Аспиринот помага и против рак на дебелото црево, на белите дробови, дојките.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“