18 Декември, 2025
0.0623

АСТРОНАУТИТЕ ЗАГЛАВЕНИ ВО ВСЕЛЕНАТА ПРИЈАВИЛЕ „ЧУДНИ ЗВУЦИ“: „Хјустон, имаме проблем“

Објавено во: Свет 02 Септември, 2024 20:48

Добивај вести на Viber

Еден од астронаутите на НАСА кој остана на Меѓународната вселенска станица (MSS) пријавил „чуден звук“ кој доаѓал од возилото Старлајнер.

Бах Вилмор го контактираше вселенскиот центар во Хјустон во саботата, само неколку дена пред неисправниот Starliner да се одвои од МСС, без екипаж и да се обиде сам да се врати на Земјата.

„Имам прашање за Starliner. Од звучниците доаѓа чуден звук. Не знам од каде доаѓа“, рече тој.

Контролата на мисијата му потврдила на Бах дека можат да откријат начин како звукот да стигне до нив, односно тој да го сними звукот директно од вселената, за подоцна да го анализираат и да откријат за што се работи.

Тогаш Вилмор го држел телефонот до звучниците на Starliner и тие можеа да примаат звук од вселенскиот центар.

„Добра снимка, благодарам“, одговорила контролата на мисијата. „Ќе го пренесеме на тимот и ќе ви кажеме што сме откриле“.

Научниците на НАСА кои требаше да бидат на Меѓународната вселенска станица осум дена,  останаа 80 дена, пишува Би-Би-Си. Сунита Вилијамс (58) и Бери „Буч“ Вилмор (61) отидоа во вселената со новото вселенско летало Старлајнер на Боинг на почетокот на јуни и оттогаш се „заглавени во вселената“.

Леталото имало технички проблеми, заради што тир се се уште во вселената. 

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина