АТИЏЕ МУРТОВА ЖИВЕЕ ВО СТРАВ: Moли за помош, има проблеми со соседот
Објавено во: Македонија 11 Септември, 2020
Атиџе Муратова која стана позната во јавноста по филмот „Медена земја“ бара помош, затоа што трпи закани од насилен сосед.
Вели дека не може веќе да живее во страв.
Таа преку порталот ММС.мк, раскажа дека овој проблем трае со години.
„Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо“, вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.
Таа вели дека го пријавувала соседот повеќе пати, но дека полицијата доаѓала и само го опоменувала.Муратова ги освои срцата на граѓаните со нејзината скромност и посветена работа со пчелите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.