07 Октомври, 2024
0.0251

Атина и кредиторите започнуваат подготовка за договор

Објавено во: Економија 27 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Техничките екипи на Грција и меѓународните кредитори треба денес да започнат изготвување на долгоочекуваниот договор меѓу нив, со што ќе се одмрзне финансиската помош за Атина, објавија грчки владин извор, цитиран од локалните медиуми.

Договорот нема да вклучува намалување на платите и пензиите, но ќе вклучува мерки за изнаоѓање на долгорочно решение на должничките проблеми на земјата, изјавил неименуван извор, цитиран од „Ројтерс и Блумберг“.

„Процесот на изготвување на почетните договори започнува денеска во Брисел“, изјави изворот. Во оваа фаза двете страни се најблиску до потпишување на конечен договор со кој ќе се одмрзне износот од 7,2 милијарди евра спасувачка помош за Грција по неколку месеци на преговори.

„Грчкиот премиер (Алексис Ципрас) ќе биде во постојан контакт со другите кредитори, за да го олесни договорот“, додал уште владиниот извор.

Рамката на договорот ќе вклучува пониски цели за примарниот суфицит на Грција, реформи во ДДВ, поправка на пензискиот систем и отпишување на долгот на земјата, објавија изворот.

Според изворот, се очекува изјава во која ќе се покаже дека има значителен напредок во преговорите со кредиторите од ЕУ и ММФ, кои ја формираат Бриселската група. Други извори блиски до кредиторите, сепак досега не посочиле за достапноста на сличен напредок кој ќе даде основа за изготвување на прелиминарен договор.

„Остануваат некои проблем поврзани со различните позиции меѓу преговарачите институции од страна на меѓународните кредитори на Грција. Ако не беше потребно да има договор со учество и на ММФ, овој договор веќе требаше да биде потпишан“, посочил грчкиот владин претставник.

Грчкиот извор на „Блумберг“, изјавил дека договорот ќе вклучува пониски нивоа за т.н. „Изворен буџетски суфицит“ на Грција (буџетски баланс без трошоците за сервисирање на долгот), а во исто време тоа нема да вклучува дополнителни „рецесиони“ мерки како ново кратење на платите и пензиите.

И покрај недостатокот на потврда од страна на официјалните грчки кредитори за изготвување на таков договор на техничко ниво, инвеститорите на глобалните финансиски пазари реагираа доста бурно на веста.

Профитабилноста на грчките 10-годишни обврзници падна со 42 поени кон 11,49%, додека главниот индекс на акции на берзата во Атина скокна за 3,5 процентни поени. Останатите европските берзи исто така реагираат позитивно, како и вкупниот индекс „Stoxx Europe 600“ скокаат со 1,11%, германскиот „DAX“ - со 0,75%, а францускиот берзата индекс „CAC40“ се зголеми за 1,52%.

Еврото исто избриша голем дел од своите нови загуби на девизниот пазар, поскапе нагло кон 1,0900 долари од новото едномесечно дно околу 1,0819 долари. Единствената валута отскокна од двомесечна дно околу 0,7055 фунти кон дводневен врв од 0,7101 фунти и погоди тридневен врв од 134,78 јени.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип