19 Мај, 2024
0.0438

АТИНА СЕ ПЛАШИ ОД ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА: Што може да изгубат Грците?

Објавено во: Балкан 02 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Дополнителна нестабилност и граѓански конфликт во Македонија не ѝ оди во прилог на Грција, пренесуваат грчките медиуми, кои деновиве будно ги следат случувањата во државата и на Балканот. 

Грчкиот портал „Протагон“ пишува дека на Атина ѝ е потребна стабилна Македонија за да може во одреден момент да се најде соодветно решение за името. Дополнително треба да се одржат економските интереси и соработка кои Грција ги има со македонските бизнис-партнери.

„Протагон“ додава дека дестабилизацијата на Македонија може да доведе до нови притисоци врз Грција за прием на Македонија во НАТО.

„Јасно е дека Атина сака БЈРМ да биде стабилна. Тоа е единствениот начин во некој момент да се реши спорот за името, кое претставува најважниот отворен спор за Грција на Балканот. Нестабилноста може да ги донесе во прв план барањата и притисоците за прием на БЈРМ во НАТО, како начин да се осигура мирот, а тоа ќе предизвика главоболка во Атина со нерешен спор за името“- пишува  во анализата.

Според „Протагон“, Грција е загрижена за ситуацијата и поради економските интереси и соработка, како и за спроведувањето на мерките за градење доверба. Во анализата се посочува дека грчката влада треба многу добро да ги пресмета последиците од можен граѓански конфликт во Македонија и како тоа би влијаело на засилување на албанскиот фактор во регионот, уште една тема за која постои загриженост од грчка страна во овој период.

Грција уште вечерта по крвавите инциденти во македонското Собрание испрати апел за смирување на ситуацијата и се понуди, доколку биде побарано од неа, да помогне за намалување на тензијата.

Грчкиот неделник „Реал“ пишува дека премиерот Алексис Ципрас за случувањата во Македонија и на Балканот викендов разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел, за време на Самитот на Европската Унија посветен на излегувањето на Велика Британија од Унијата. Тие наводно, се согласиле Грција да преземе иницијативи за стабилизација на регионот.

Од кабинетот на  Ципрас велат дека тој за време на состаноците на самитот изразил голема загриженост за ситуацијата во Македонија и кажал дека Грција останува главен столб на стабилност во регионот.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс