05 Декември, 2025
0.0439

Атлантик груп со раст на приходите за 4,8% на вкупно 667 милиони евра

Објавено во: Мои пари 22 Февруари, 2013 14:58

Добивај вести на Viber

Хрватската Атлантик груп во 2012 година оствари вкупен приход во износ од 667,4 милиони евра, што претставува раст од 4,8% во однос на 2011 година, соопштија од компанијата. Според финансискиот извештај, компанијата 2012 година ја заврши со нето добивка од 7,4 милиони евра, што претставува годишен раст од 18,5%. Од извештајот се гледа раст на приходите од продажбата кај, при што најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%. “Особено сме задоволни со остварените резултати во 2012 година, во која Атлантик груп ги исполни своите очекувања, остварувајќи природен раст на приходите и зголемена профитабилност.Во овој период успешно го завршивме проектот на рефинансирање, со што само го потврдивме статусот на компанија која одговорно ја планира и спроведува својата деловна политика и ужива доверба на мегународните развојни институции и на финансиската заедница. Во 2013 година, вработените и менаџментот на Атлантик груп и понатаму ќе бидат насочени кон природниот раст преку активно управување со брендовите, иновации, оптимизација на трошоците и управување со ризиците, како би се оствариле зацртаните цели на деловно работење” истакна Емил Тедески, председател на менаџментот на Атлантик груп. Тој годината ја карактеризираше со воведување на нова организациона структура, со која работењето на Атлантик Груп е организирано во шест стратешки деловни единици (Кафе, Слатко и солено, Деликатесни намази, Пијалоци, Здравје и нега, Спортска и активна прехрана), четири дистрибутивни подрачја (Хрватска/Словенија/Србија и Македонија, ХоРеКа сегментот и меѓународните пазари, како и пазарот на Русија. „Во текот на 2012 година во сите бизнис области беа лансирани нови производи, додека постоечките беа воведени во рамките на нови пазари и продолжи да се шири дистрибутивното портфолио“ се вели во соопштението од компанијата. Хрватскиот пазар е најголемиот поединечен пазар на Атлантик груп со учество во вкупната продажба од 26,6%, потоа следи српскиот пазар со 24,9%, Словенија со 13,2%, Босна и Херцеговина со 7,6% и останатите регионални пазари со 6,4% како и клучните западноевропски пазари со 7,3%. Пазарот на Русија и ЗНД со учество од 5,0% во приходите од продажбата бележат најголем раст од 31,4%. Останатите пазари учествуваат со приход од 8,9%.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност