Атлантик Група и оваа година го доби признанието за придонес во намалувањето на CO2 емисиите
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016 10:50
И оваа година компанијата Атлантик во Србија ги освои CO2 сертификатите на „Секопак“, кои се доделуваат на најуспешните компании во примарна селекција и собирање на отпадот, како и за свој допирнос во намалувањето на емисиите на CO2. Во оваа прилика, Соко Штарк, исто така, беше свечено промовиран како 10-ти член на Одборот на директори основачи на Секопак, рециклажен оператор кој е единствен на српскиот пазар, и единствен во индустријата кој обезбедува увид во прилог на заштеда на CO₂ емисиите.
Калкулаторот на CO₂ е во сопственост на Секопак, како еден од членкитена Про Еуроп организацијата, а договорен е на ниво на сите членови на Про Еуропсо што сепостигнува хармонизација и споредливост на добиените резултатиод емисиите на CO₂ во Србија со резултатите од CO₂ емисии во рамките на Европската Унија.
Во име на членките (Соко Штарк и Гранд Кафе) на Атлантик Група, публиката му се заблагодари на Зоран Даљевиќ, финансиски директор на Секторот за централно финансирање на Србија, велејќи дека намалување на отпадот и енергетска ефикасност за компаниите во Србија треба да биде основа за систематско подобрување на производните процеси и ги повика сите компании да ги следат позитивните примери и врз основа на пласираните и рециклирани количини на амбалажен отпад да го дадат својот придонес за заштеда на CO2 емисиите.
"Од вкупната заштеда на CO2 емисии во Република Србија, Секопак учествува со 67 отсто. Ова беше постигнато благодарение на примарна селекција и собирање на отпадот од пакување од комунални извори на општините, со што се зголеми застапеноста на сите пет видови на отпад од пакување, а со тоа се постигна и најголема заштеда на емисиите на CO2" рече Виолета Белановиќ Кокир, генерален менаџер на компанијата Секопак лидер на пазарот за управување со отпад од пакување.
Атлантик Група работи во насока на подобрување на енергетската ефикасност на компанијата во Србија, со помош на финансирањето за поддршка на ЕБОР, и при тоа постигна рационално користење на ресурсите и енергијата, намалување на трошоците, како и заштита на животната средина. Покрај заштедата поврзана со ефикасноста, се очекува идните активности планирани за оперативните компании во Србија и понатаму да допринесат да се намали емисијата на CO2.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




