Атлантик Група ја презема дистрибуцијата на Унилевер за Хрватска и Словенија
Објавено во: Мои пари 04 Декември, 2013 14:16
„Ние во Унилевер се радуваме на новата соработка со Атлантик Група во Хрватска и Словенија, од која имаме големи очекувања. Ние сме многу посветени на овие пазари кои се многу важни за нас, па со потпишување на договор со една од водечките дистрибутери во регионот, сакаме да го зајакнеме нашиот бизнис, да го забрзаме растот, но пред сè, сакаме на нашите клиенти и потрошувачи да им обезбедиме уште поквалитетна услуга.”, изјави Харм Госенс, Извршниот потпретседател на Унилевер за Средна и Источна Европа.
Атлантик Група е водечки дистрибутер за производи за широка потрошувачка во Југоисточна Европа, работи со 16 дистрибутивни центри на овие пазари, има директна испорака до преку 53 000 места за испорака, над 1000 дистрибутивни возила и високо развиена технологија и знаење во управување со клучни купувачи, управување со различните категории производи, логистика и трејд маркетинг.
Унилевер е еден од најпознатите мултинационални компании, нејзиното портфолио го сочинуваат над 400 постоечки брендови, а производите секојдневно ги употребуваат две милијарди потрошувачи ширум светот. Портфолиото на Унилевер е доста широко, сочинето е од прехрамбени производи, производи за лична нега и богата палета производи за домаќинство кои се дел од секој дом. За препознатливоста на брендовите и успехот на компанијата, говори и фактот дека 15-те најпродавани брендови на Унилевер генерираат годишен приход од продажба од над една милијарда долари.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




