19 Декември, 2025
0.0566

Атлантик Група ја заврши 2013 со очекуван раст на приходите

Објавено во: Мои пари 24 Февруари, 2014 14:43

Добивај вести на Viber

Атлантик Група во 2013 година оствари приход од продажба во износ од 664,6 милиони евра,  што во однос на истиот период минатата година претставува пораст од 2,5 проценти. Добивката пред камати и оданочување (EBIT) порасна за 6,4 проценти во однос на нормализираната EBIT од 2012 година и изнесува 55,9 милиони евра, додека нето добивката по исплатата на дивидендата на индивидуалните акционери во овој период изнесува 25,6 милиони евра, благодарение, помеѓу останатото, на значително намалените трошоци за камата после успешното рефинансирање на крајот од 2012, информираат од компанијата. „И покрај отежнатите услови за работа последните неколку години, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде Атлантик Група го остварува најголемиот дел од своите приходи, и во 2013 година продолживме со растот, исполнувајќи ги најавените очекувања веќе шеста година по ред. Со остварените резултати и растот на пазарите во Русија и ЗНД, како и на клучните европски пазари, ја потврдуваме стратешката ориентираност на компанијата кон интернационализацијата, како и интернационалниот потенцијал на нашите брендови како што се Аргета, Donat Mg, Multipower, Cedevita GO!  и Bebi. Истовремено, продожуваме да вложуваме во развојот на брендовите од нашето портфолио, како и проширувањето и јакнењето на дистрибутивното работење. И во наредниот период компанијата ќе биде фокусирана на развојот, управувањето со рицзиците, одржувањето на ликвидноста и управувањето со финансиските обврски“, истакна Емил Тедески, претседател на Управниот Одбор на Атлантик Група. Деловната 2013 година на Атлантик Група уште од почетокот беше обележана со имплементацијата на новите комерцијални услови на хрватскиот пазар, а во текот на годината и со понатамошното проширување на дистрибутивното портфолио, крунисано со договорот склучен во декември за преземање на дистрибуцијата на Унилевер за хрватскиот и словенскиот пазар. Во портфолиото на Унилевер, еден од најголемите светски производители на производи за широка потрошувачка, се вбројуваат светски познатите брендови Knorr, Hellman's, Axe, Rexona, Signal, Coccolino, Domestos, Cif, и многу други, а договорот, според вкупната годишна продажба е во  вредност од 32 милиони евра. Во третиот квартал, Атлантик Група со потпишувањето на прелиминарниот договор во Индустрискиот парк Нова Градишка, го означи почетокот на инвестицијата во новата фабрика за производство на енергетски барови од асортиманот на спортска и активна исхрана. Проектот е со вкупна вредност од 16 милиони евра, во првата година се предвидува отворање на 50 работни места, а со планираниот раст на работењето ќе резултира со отворање на 160 нови работни места. Изградбата е планирана да започне во април 2014 година, а првите производи од новите линии на пазарот се очекуваат во првиот квартал од 2015 година. За вкупниот раст на приходите од продажба на Атлантик Група во 2013, најмногу допринесоа  стратешките деловни области Спортска и активна исхрана (раст од 14,9 проценти), при што најзначаен раст е остварен на пазарите во Германија, Шпанија и Русија, Здравје и нега (5,1 проценти) која бележи раст на хрватскиот и на рускиот пазар, потоа Слатко и Солено  (2,8 проценти) со раст на пазарите во Србија, Македонија и Хрватска. Кафето со 21,5 проценти удел во вкупните приходи од продажба, се истакнува како најголема поединечна категорија со 143,0 милиони евра приход од продажба. Сопствените трговски марки на Атлантик Група учествуваат во продажбата со 72,5 проценти, дистрибуцијата на производи на трговските марки од принципалите со 15,0 проценти, аптекарскиот ланец  „Farmacia“ со 6,1 % , додека производите кои Атлантик Група ги произведува како приватни трговски марки за големите деловни системи во земјата и странство во вкупниот приход од продажбата учествуваат со 6,4 проценти.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии