05 Декември, 2025
0.2327

Атлантик Група со свој придонес во големата еколошка акција на Пакомак, радио Буба Мара и скопските општини

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2013 16:25

Добивај вести на Viber

Компанијата Атлантик Група накратко се приклучи на тековната еколошка акција на Пакомак, Радио Бубамара и скопските општини и ги награди со свои производи одделенијата кои биле  најуспешни досега во собирањето на пластична амбалажа. Имено, според податоците, одделението 1а од училиштето Јан Амос Коменски  и 71 и 13 од основното училиште Песталоци се оние кои  досега покажале најголем интерес и служат за пример во еколошката акција собирајќи големи количини пластичен отпад, за што и добија интересни награди – пакети со различни производи од Атлантик Група. Потоа, од искористените амбалажи децата ќе се поттикнат да создадат интересни и креативни уметнички дела, а можат да користат и друг вид на амбалажа- пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, кутии, амбалажи од козметика и средства за чистење, пластични чаши, тетрапак-пакувања, кеси од чипс, кутии, опаковки и сл. Целта на оваа  активност е да се разбуди креативноста и фантазијата кај дечињата и да ги инспирира да создадат уникатни уметнички творби,  со што ќе и дадат една поинаква димензија на употребената амбалажа во секојдневниот живот. „Атлантик Група како општествено одговорна компанија која се грижи за екологијата и вложува во правилниот развој и еколошката едукација на децата, од почеток ја следи големата акција на Пакомак, радио Буба Мара и скопските општини и реши да даде свој придонес за уште поголема мотивација на дечињата. Имено, одделенијата кои беа најуспешни ги наградивме со вкусни производи од нашето портфолио – најновите чоколатца Најлепше Жеље, сокчиња Цедевита, омилените Смоки и други, со што заслужено можат да си се нагостат по напорната учебна година. Поддржувајќи ги ваквите проекти, Атлантик Група настојува да влијае на подигањето на свеста за важноста на заштитата на животната средина и сака да ги поттикне новите млади генерации го прифатат рециклирањето како начин и култура на живеењето и на тој начин да допринесат за заштита на околината, а со самото тоа и за квалитетот на живот на нашите сограѓани. ˮ – изјави Елена Цанева, администратор за човечки ресурси во Атлантик Група. „Целта на проектот „Собираме амбалажа пластична, за околина чиста и фантастична“ кој трае веќе неколку месеци е да се создадат здрави еколошки навики за почиста околина, да се создаде навика за селекција и рециклирање на отпадот и досега е одлично прифатен од учениците, родителите и наставниците. За возврат, Пакомак постави пластични контејнери и донираше апарати за течен сапун во сите училишта со што се подигна и нивото на хигиената во училиштата. Ја поздравуваме одличната иницијатива на компанијата Атлантик Група која има за цел да ги мотивира и поттикне учениците за понатамошни еко-активности и повикуваме и други општествено одговорни компании да дадат свој придонес во акцијатаˮ – изјави Ико Брдароски, менаџер за корисници во Пакомак.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј