Аукција во Демир Капија: Шише „Вранец“ продадено за 14 илјади денари
Објавено во: Мои пари 14 Февруари, 2013
Во Демир Капија денеска, во рамки на манифестацијата за одбележување на верскиот празник „Свети Трифун”, се одржа аукција на архивски вина. Организатор беше локалната самоуправа, а учесници амбасадори, претставници на министерства, бизнисмени и угостители.
Организаторот информираше дека на аукцијата беа собрани 80 илјади денари, а продададени биле 24 шишиња архивско вино од повеќе винарии. Најстарото од 1982 година, „Тешкото”, го купи градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев.
Најскапото вино беше платено 14 илјади денари, од сортата „Вранец” произведено од „Бовин” во 1988 година. Собраните средства од аукцијата традиционално се донираат за Специјалниот завод во Демир Капија.