„Аутомобили Гроуп новиот овластен увозник на Jaguar & Land Rover за Македонија и Косово“
Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016 16:23
- Премиум автомобилските брендови Jaguar и Land Rover се враќаат на македонскиот пазар. Аутомобили Гроуп e новиот официјален импортер и дистрибутер на овие возила за регионот Македонија и Косово во соработка соWallis Automotive Europe.

„Нашето долгогодишно искуство во оваа индустрија ни даваза право да бидеме сигурни во успехот на Jaguar и Land Rover во Македонија и Косово: побрза испорака до крајните потрошувачи, подобра техничка поддршка, како и развивање на продажбата во овој сегмент на премиум автомобили за целосно задоволство на клиентите.
Истовремено би сакал да им се заблагодарам и на Wallis Automotive Europe, официјалниот застапник на возилата на Jaguar и Land Rover за Адриатик регионот, за искажаната довербаи соработката со нашата компанија.“- изјави генералниот директор на Аутомобили Гроуп г. Кочо Бураку, на денешната прес-конференција која се одржа во ресторан FOUR, Park Hotel & Spa.Во моментот се подготвува новиот објект кој ќе опфаќа 680м2 и истиот ќе се состои од влезен простор, изложбен салон за Jaguar и за Land Rover,продажба и back office, простор за аксесоари, предавање на возила и прием на возила во сервис. Официјалното отворање на новиот салон ќе се случи во април 2017та година.

„
Како што и најавивме во изминатиот период, денес би сакал да го истакнам моето
задоволство од договорената соработка со еден навистина сериозен партнер,
компанијата Аутомобили Гроуп, која ќе биде новиот овластен дистрибутер и сервисер
за Jaguarи Land Roverна територијата на Македонија и Косово. Како
што веќе знаете британскиот производител на Jaguar и Land Rover ја одбра токму нашата компанија Wallis
Аutomotive Europe, да ги претставува овие брендови во регионот Адриатик и тоа
токму во овој возбудлив период кога и двете марки бележат фантастичен пораст. Jaguar – оваа година забележа пораст од 82% – и во моментов претставува
најбрзорастечка автомобилска марка во Европа. Исто така до крајот на оваа
финансиска година, Jaguar и Land Rover кој располагаат со најмладата гама, ќе комерцијализираат и три нови
модели.“ – изјави генералниот директор на Wallis
Automotive г. Ендру Прест.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




