19 Декември, 2025
0.0503

АВАНТУРА донесе KIA SPORTAGE во Кичево

Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2016 10:39

Добивај вести на Viber

Најновиот инстант лоз на Државна лотарија на Македонија наречен АВАНТУРА ја донесе првата премија во Кичево. Првиот KIA SPORTAGE ќе се вози по улиците на Кичево , иако добивката е постигната во Охрид во Среќното Место ВЛАДИЈА на ул. Туристичка .

Кичевчанецот Душко Софески заедно со својот син купил два инстант лоза АВАНТУРА. Се решиле да гребат  АВАНТУРА, бидејќи ова  е најновиот лоз во семејството инстанти на Државна лотарија на Македонија. Откако купиле еден лоз, кој бил недобитен, се решиле да си ја пробаат среќата со уште еден и не погрешиле. Токму вториот лоз му ја носи и првата премија , автомобилот KIA SPORTAGE.  Душко ги доби клучевите од Марјана Станојковска пред Капитол Мол во Скопје и заедно со своето семејство замина со својот нов автомобил на пат кон Кичево .

Инаку , инстант лозот Авантура во фондот на добивки нуди 10 (десет) автомобили Kia Sportage и парични добивки до 50.000,00 денари. Вкупниот фонд на добивки е 37.530.000,00 денари, а секој трет лоз е добитен. Добивката се дознава со гребење на малите автомобили, под што се откриваат девет полиња во кои се прикажани бројки/суми или симболи. Лозот носи парична добивка доколку во три од деветте полиња има три исти суми. Добивката автомобил е остварена ако во 3 (три) од деветте полињата се откријат симболи на автомобил.

Ова е прв член на семејството на инстант лозови што нуди SUV класа на автомобил. Инстантот е подготвен врз основа на истражувањата на пазарот во контакт со играчите на игри на среќа кои за најпосакуван автомобил од класата на SUV го посочија токму Kia Sportage, што се совпаѓа со прогласувањето за ‘лидер во квалитет’ за 2016 година.

Играчите на инстант лозот ‘Авантура’ за 60 денари  имаат можност да добијат автомобил Kia Sportage, со сите платени давачки.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Впуштете се во ‘Авантура’ и изгребете Kia Sportage!

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии