13 Декември, 2025
0.0323

Avenga Academy: Кога делата зборуваат – иднината се создава

Објавено во: Мои пари 05 Ноември, 2025 17:10

Добивај вести на Viber

Во свет каде технологијата постојано ја редефинира иднината, Avenga Academy (Авенга Академи) веќе 15 години го гради мостот меѓу знаењето и реалните вработувања. Како дел од глобалната групација Avenga, академијата претставува еден од највлијателните центри за едукација во областа на ИТ, дизајн и бизнис, создавајќи заедница од над 20.000 алумни и 200 искусни ментори.

Под мотото „When I complete Avenga Academy, I won’t tell, but there will be signs“, Академијата „Авенга“ ја лансира својата нова кампања посветена на студентите кои преку труд, знаење и истрајност ги градат своите кариери – без големи зборови, но со видливи резултати. Токму врз максимата „Делата зборуваат посилно од зборовите“ се потпираат новите комуникациски активности на едукативниот центар специјализиран во сферата на бизнисот и ИТ индустријата.

 
Во време кога сите зборуваат, ние решивме да оставиме делата на студентите да зборуваат наместо нас. Нашата нова кампања ја симболизира суштината на она во што веруваме — дека вистинскиот успех не се декларира, туку се гледа преку резултати.Во изминатите 15 години изградивме заедница од над 20.000 студенти и 200 ментори кои секојдневно докажуваат дека знаењето и посветеноста значат повеќе од празни зборови и ветувања“, велат од менаџерскиот тим на Avenga Academy.

Avenga Academy е носител на меѓународни лиценци и сертификати од светски брендови како Microsoft, Cisco, CompTIA, EC-Council, ISTQB, Kryterion, ACI, Certiport и Meazure, преку кои ги спојува највисоките образовни стандарди со практично искуство за да ги подготви студентите за иднината на работата, каде технологијата и човечкиот потенцијал одат рака под рака.


Годинава, едукативниот и тренинг центар ја прошири својата програма со уште две нови академии: програмирање со примена на вештачка интелигенција и продукт и проектен менаџмент, но постои и надополнување на постоечките програми со модули на примена на вештачка интелигенција, како и алатки кои се побарувани на пазарот.Дополнително, отворени се и уписите за:Web Design и Front-End Development, Graphic Design со Figma и Video Content Creation, Game Design и Production, UI/UX Design, Sales & Business Development, Computer Networks & ITOps, Cyber Security, Software Testing со Playwright и AI, DevOps, Data Science и Digital Marketing.

Со силен фокус на иновација, практична примена и партнерства со индустријата, академијата претставува мост меѓу образованието и професионалниот свет, подготвувајќи ги идните генерации за вистинските предизвици на пазарот.
Авенга Академи (поранешен Сеавус Едукативен и Развоен Центар) е пионер на модерното неформално образование и дел е од глобалната групација „Авенга“.

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија