Авион на „Turkish airlines“ принудно слета во Нирнберг
Објавено во: Балкан 08 Април, 2015 16:17
Патнички авион на „Turkish airlines“ имал принудно слетување на аеродром во Нирнберг.
Нема податоци за настрадани во инцидентот, изјави претставник на аеродромот, без да ја прецизира причината за принудното слетување. Според него станува збор само за мерка на претпазливост.
Сеуште нема коментар од турската авиокомпанија. Според локалната телевизија пилотот на авионот го приземјил поради пукнатини во десното стакло на пилотската кабина, што го забележал набргу по полетувањето.
Во моментов авионот е во хангар на аеродромот за отстранување на штетите.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




