АВМУ: Има правила за еднаков пристап и за потпалувачки говор
Објавено во: Мои пари 05 Декември, 2016 15:17
Неколку политички субјекти - учесници во изборниот процес, ја информираа Агенцијата дека одредени медиуми не известуваат за нивните активности од изборната кампања, информираат од оваа институција.
„Потсетуваме дека сите радиодифузери коишто одлучиле да ги покриваат изборите, според Изборниот законик, се должни тоа да го прават на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма. Без оглед на јазикот на кој го емитуваат својот програмски сервис, на учесниците во кампањата треба да им овозможат подеднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување - вести, посебни информативни програми, бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање. Избалансирано покривање на изборниот процес треба да обезбедат во согласност со принципот на пропорционалност според бројот на потврдени листи на кандидати за пратеници. Овој принцип важи за сите облици на изборно медиумско претставување, освен за платеното политичко рекламирање“ - додаваат оттаму.
Имајќи предвид дека со почетокот на изборната кампања се регистрира пожестока реторика во настапите на учесниците во изборниот процес, Агенцијата апелира медиумите да внимаваат при емитувањето изјави со потпалувачки говор или дури и со елементи на говор на омраза. Ваквите изјави треба да бидат соодветно контекстуализирани, а медиумите да се оградат од нив.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




