АВРМ го брани Спасов - Имал право да го користи нивниот службен „Туарег“
Објавено во: Македонија 31 Октомври, 2016
Агенцијата за вработување излезе со официјална реакција во која посочуваат дека дополнителниот министер за труд и социјална политика Диме Спасов имал законско овластување да го користи нивниот службен „Туарег“, наспроти обвинувањата на министерката Фросина Ташевска-Ременски.
„Во октомври 2015 година меѓу Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување е склучен Договор, со кој Агенцијата за вработување на Република Македонија на Министерството за труд и социјална политика му отстапува расположливи технички средства, меѓу кои и расположливи службени моторни возила, освен оние возила кои се донација од ЕУ. За користење и управување со овие возила на Агенцијата, Директорот издал и соодветни Овластувања“, се наведува во реакцијата на АВРМ.
Претходно министерката Фросина Ременски изјави дека освен „Туарегот“ со кој заменик-министерот направил сообраќајни прекршоци , располагал и со уште други три возила кои од страна на Владата на Република Македонија, на 12 август 2015 година се дадени на трајно користење на Агенцијата за вработување.