20 Декември, 2025
0.0713

АВРМ преку пракса до нови вработувања за 440 лица

Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 13:16

Добивај вести на Viber

Преку пракса во позната компанија до нови вработувања. Започнува да се применува мерката на Агенцијата за вработување со која се предвидени покривање на трошоците за практичната работа на околу 440 лица, па затоа објавен е повик и до компаниите кои треба да примат лица на пракса која ќе трае три месеци за потоа да ги задржат на работа најмалку уште 6 месеци, како и до сите невработени кои немаат доволно работно искуство.

Средствата и за обуката како и за платата на нововработените ги субвенционира Агенцијата за вработување на Република Македонија. За мерката за годинава се предвидени 62 милиони и 40 илјади денари, а ќе бидат опфатени 440 невработени лица.

– Мерката е наменета за лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и лица кои имаат потреба од дополнителни знаења и вештини, како и за компании кои имаат потреба од проширување, од нови работни места, но, поради спецификата на работното место не можат да најдат соодветен кадар, рече на денешната прес-конференција директорот на АВРМ Влатко Поповски.

Тој појасни дека за време на обуката невработеното лице добива паричен надомест од 9.000 денари месечно, во кои е вклучено и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршување на обуката на работното место, работодавачот е обврзан да ги вработи сите обучени лица за што ќе добие субвенција за вработување во форма на финансиска поддршка за бруто плата во износ од 19.000 денари месечно за период од 6 месеци со полно работно време од кои 17.000 денари бруто плата за невработеното лице и 2.000 денари ги задржува работодавачот, како надомест за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес.

На корисниците на паричен надоместок ќе им мирува правото до завршување на обуката, додека корисниците на социјална помош ќе продолжат да добиваат парична помош во текот на обуката, при што вкупното времетраење на примање на субвенција не може да надмине 18 месеци. Ако корисникот е отпуштен пред истекот на субвенционираната програма, тој има право да се врати во регистарот на корисници на социјална помош.

Во изминатиот период од 2013 до 2016 година со оваа мерка биле опфатени 984 невработени лица, од кои 863 се се уште на работа. Од нив 468 се жени, а 454 млади до 29 години.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки