20 Мај, 2024
0.0247

Австралија ја затегнува безбедноста на аеродромите поради бомбашки заговор

Објавено во: Свет 31 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Австралија најави засилени мерки за безбедност по своите аеродроми по веста дека полицијата открила и спречила бомбашки напад врз авион. Како резултат на тоа сега патниците и нивниот багаж ќе бидат проверувани многу прецизно.

"Овие засилени мерки за безбедност ќе останат во сила за неопределен период", изјави австралискиот министер за имиграција Питер Датон, пренесе Reuters.

Поради засилените инспекции властите ги повикаа патниците да доаѓаат на австралиските аеродроми два часа пред внатрешните летови и три часа пред меѓународните.

При полициска акција во саботата беа уапсени четири лица - двајца татковци од Либан-со австралиско потекло и нивните синови, вмешани во заговорот и подготовка на бомбашки напад. Според информациите тие планирале да качат рачноизработени бомби на летот од Сиднеј за блискоисточен град, најверојатно Дубаи. Веројатно тоа требало да биде во рачниот багаж, а според медиумите станува збор за неконвенционален уред кој испушта токсичен гас врз основа на сулфур што требало да ги убие или парализира сите на летот. Заговорот бил во напредна фаза, кога полицијата го спречила.

На четворицата уапсени претстои да им бидат покренати обвиненија. Австралискиот премиер Малком Турнбул одби да каже дали приведените биле водени од некој зад граница. Во неговите зборови, сепак се открива претпоставка дека можеби има исламистички, екстремистички терористички мотиви за планираниот напад.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ИРАН Е ОБЕЗГЛАВЕН ВО НАЈЛОШ МОМЕНТ: целата моќ е во рацете на еден човек: „Игра на тронови“ почнуваат за превласт во земја

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

ВЛАДАТА ГО „ЗАТАШКАТАЛА“ СЛУЧАЈОТ - над 30.000 Британци примиле крв со ХИВ или хепатитис Ц

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

Меѓународниот суд на правдата побара апсење на Нетенјаху

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

„ТОЈ БЕШЕ НАШИОТ ГОЛЕМ БРАТ И НЕПОКОЛЕБЛИВ БРАНИТЕЛ“ - Хезболах жали, се огласија и Хамас и Хутите

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?