28 Ноември, 2024
0.0294

Австрија доби лоша економска прогноза

Објавено во: Свет 08 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Централната банка на Австрија , во петокот, ја намали прогнозата за растот на автриската економија за оваа и следната година, потврдувајќи дека таа алпска земја нема да може да ги избегне економските проблеми во еврозоната и другите региони. За 2013 година, централната банка за австриската економија прогнозираше стапка на раст од 0,3 проценти, со што ја намали прогнозата од декември според која за оваа година беше предвиден раст од 0,5 проценти. Прогнозата за 2014 година е намалена на 1,5 проценти, а во декември прогнозираше 1,7 проценти. Ист потег, денес, повлече и германската централна банка, намалувајќи ја прогнозата на раст на германската економија во оваа година на 0,3 проценти, од порано прогнозираните 0,4 проценти. Намалена е и прогнозата за 2014 година од 1,9, на 1,5 проценти. „За австриската економија се очекува конечно да достигне долгорочен просечен раст од околу 1,8 проценти во 2015 година“, наведува централната банка во денешното соопштение. Прогнозите на останатите важни меѓународни институции се нешто по оптимистички од новите проекции на австриската централна банка. Организацијата за економска соработка и развој во својата прогноза во мај предвидуваше раст на автрискиот БДП за 0,5 проценти во оваа и за 1,7 проценти во 2014 година. Според проекциите на ЕК од мај, австриската економија оваа година би требала да порасне за 0,6 проценти а идната за 1,8 проценти, додека во Меѓународниот монетарен фонд  во склоп со редовните пролетни проекции, прогнозиран е раст на австрискиот БДП од 0,8 проценти за оваа и од 1,6 проценти за идната година.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

АКО СЕГА СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ, ЗЕЛЕНСКИ БИ ИЗГУБИЛ ОД ЗАЛУЖНИ: Валериј е попопуларен од Володомир

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

ВОЈНИЦИТЕ ОД СЕВЕРНА КОРЕЈА НЕ СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ, РУСИЈА ДОБИЛА ПОМОШ И ОД ДРУГА ЗЕМЈА? Ветуваат добри плати и руско државјанствo

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

СЕ ЗА ПРИМИРЈЕТО НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ако Хезболах го прекрши договорот, Израел жестоко ќе нападне

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

МРТВИ ТЕЛА БРОИ ХЕЗБОЛАХ ПО ПРЕКИНОТ НА ОГНОТ: Израел ја срамни со земја организацијата и го уништи Либан

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

45 ХИРОШИМИ, ТОЛКУ Е МОЌЕН ОРЕШНИК СО НУКЛЕАРНИ ГЛАВИ ОД 900 КИЛОТОНИ: „За 11 минути е во американската база“

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

ТРАМП СЕ ОДЛУЧИ – ВЕТЕРАНОТ ОД ВИЕНТАМ ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ЗАПРЕ ВОЈНАТА МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА: Ова е планот на генералот Кит Келог

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

УКРАИНА НЕ ПОПУШТА: Јермак откри под кои услови би преговарале со Русија

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

(ВИДЕО) ЛУЃЕТО ПОЧНАА ДА СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Либанците слават поради примирјето со Израел

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

ГО ПОФАЛИ ДЕКА ПОМОГНАЛ НА УКРАИНА: Украински пратеник го предложи Трамп за Нобелова награда за мир