Автобуси возат до Охрид без празни места: Протоколите останаа на хартија
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020
Не се запазува одредената пополнетост на автобусите, ниту некој носи маска, а нема ни предупредувања и казнувања за непочитувачите. Граѓани кои деновиве патуваат со меѓуградски превоз се жалат дека патувањата меѓу градовите со автобуси и комбиња се комплетно небезбедни. Меѓуградскиот превоз се организира со протокол кој го донесе Владата и кој уште е на сила, а според кој има строги правила за тоа колку луѓе може да се возат во превозното средство, како да седат и каква заштита да има.
„ Не се запзаува 50 отсто пополнетост на капацитет на возило иако тоа ми беше потврдено кога го купував билетот. Патниците не носат заштита односно маски, марами и за тоа никој не ги опомена, се жали патничката М.Е. која патувала од Охрид до Скопје.
Но таа не е единствената што се жали, а вчера на социјалните мрежи патници прашуваа каде можат да пријават непочитување на мерките определени во протоклите кои се однесуваа за јавниот меѓуградски превоз. Надлежните институции креваат раменици и велат дека компаниите треба да се одговорни и да предупредуваат. Се најавуваат и поголеми контроли.
Според правилата, во автобусите за меѓуградски превоз е задолжително носењето на заштитни маски на патниците и возачот. На автобуските станици требаше да се означат точки за патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.
Во возилото може да има само 50 отсто од капацитетот на патници односно секое второ седиште треба да е празно. На влезните врати треба да има средство за дезинфекција. Се забранува јадење, пиење, грицкање во возилата. По завршување на турата задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција треба да се води редовна дневна евиденција.
Сепак многу граѓани се жалат дека деновиве патувале во автобуси во кои не била обезбедена физичката дистанца и сите седишта биле зафатени и тоа на долги растојанија.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.