05 Декември, 2025
0.1823

Автобусот на ЕУ стигна во струмичко Муртино

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2013 19:45

Добивај вести на Viber

Во струмичко Муртино денеска се одржа информативната кампања „ЕУ одблизу“. Со автобусот на ЕУ пристигна и евроамбасадорот Аиво Орав, а го пречека градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев. Кампањата почна со одржување на предавање на тема „Европска Унија“ во основното училиште „Маршал Тито“, а продолжи во центарот на селото каде беше поставен штанд со брошури на теми поврзани со Европската Унија. „Самата идеја на овој информативен автобус е да ја доведеме Европската Унија поблиску до локалното население, но истовремено и да се обидеме да научиме нешто повеќе за тоа што се случува на локално ниво. Во следните неколку денови, неколку министри, вклучувајќи и го министерот за надворешни работи и заменик премиерот за европски прашања, ќе патуваат во овој информативен автобус на Европската унија како и амбасадори на земји - членки на ЕУ во земјата, рече Орав. Градоначалникот Заев се заблагодари за посетата на ЕУ претставниците и истакна дека му е посебно драго што тоа се случува во Муртино, селото од каде што тој потекнува. „Идејата која што  Европската Унија ја има, на овој начин, со директна посета на амбасадорите кои што доаѓаат од земјите членки на ЕУ, предводени од амбасадорот на Европската мисија во Скопје, претставува одлична можност да допреме и до руралните средини кои ќе имаат можност преку овие неколку часовни средби  да се запознаат одблиску со она што значи ЕУ. Посебно, задоволството е огромно за нашата општина Струмица, што токму ние имавме среќа евроамбасадорот Орав да биде тука“, рече градоначалникот Заев.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј