Автомат клубовите и казината се „мобилизираат“ против предложениот Закон за игрите на среќа?
Објавено во: Економија 04 Септември, 2025 07:50
Новиот Закон за игрите на среќа, кој уште не е изгласан, но треба да се донесе по скратена постапка, ги мобилизира автoмат клубовите и казината во ново коцкарско здружение „Мак Гејминг“.
Најпрфилирана членка е Про-Бетинг Скопје, компанија преку која лани се свртеле 180 милиони евра за обложување, понатаму Тхе-Слотс, тетовската Гаминг Професионал, битолските Клуб Казино 77 и Клуб Слот 77, како и Монополи Консалтинг од Гевгелија. Претставник на здружението е бизнисменот од Тетово, Роберт Пауновски.
„Организирано делување во остварувањето на правата при донесувањето на регулатива од областа на игрите на среќа во казина и автомат клубови“ и „подобрување и унапредување на законските и подзаконските одредби од областа на игрите на среќа“ се едни од наведените цели на работењето на здружението.
Според веќе подготвениот нов Закон за игри на среќа, може да се заклучи дека казината и автомат-клубовите со видеолотариски апарати ќе мора да се одалечат на најмалку 500 метри пат од основните и средни училишта, додека обложувалниците ќе може да останат на своите места.
Обложувалниците нема да смеат да имаат видеолотариски апарати, освен оние кои се оддалечени на половина километар од училиштата и тоа најмногу пет такви на едно уплатно-исплатно место. Растојанието ќе го мерат геодети на начин пропишан од Агенцијата за катастар на недвижнини, а на барање на приредувачите на игри на среќа.
Покрај „Мак Гејминг“, останати влијателни приредувачи на игри на среќа веќе се групирани како членови на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) од каде што веќе се изјаснија против овој законски предлог, кој би ја уништил една од, како што велат, најдоброрегулираните економски гранки.
Од Министерството за финансии, кое се јавува како предлагач на овој закон, веќе рекоа дека, со цел заштита на младата популација, како најсоодветно решение одлучиле деловните простории во кои се приредуваат игри на среќа во автомат-клуб, во казино, во обложувалниците во кои има поставено ВЛТ-терминали и деловните простории во кои се приредуваат електронски игри на среќа да ги оддалечат на 500 метри од основни и средни училишта. Овие прилагодувања би траеле две години.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





