Автомобил Ауди удрил дете на „Партизанска“
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2016
Единаесет годишно дете синоќа околу 21.30 часот e прегазено на крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.
Детето го удрил автомобил „Ауди А4“ управуван од скопјанецот Т.С.(25), кој по несреќата избегал со возилото, но за кратко време се вратил назад. Прегазеното дете е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му се контатирани полесни повреди и е пуштено на домашно лекување.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид и работи на расчистување на случајот. Возилото е предадено на вонреден технички преглед.