20 Декември, 2025
0.0367

Авторитаризмот продолжува и во опозиција: ВМРО-ДПМНЕ го разреши Петар Богојески

Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2018 06:13

Добивај вести на Viber

Авторитаризмот типичен во партиското функционирање на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и кога тие се во опозиција, откако реформаторот и фракционер Петар Богојески бил разрешен од функцијата заменик генерален секретар, според сознанијата на Пресинг ТВ од партиски извори.

Порталот пишува дека ваква одлука вечерва донел Извршниот комитет на партијата додека се состанувал за да го изгради ставот околу можните вонредни парламентарни избори што ги најави премиерот Зоран Заев на 25 ноември.

Богојески како реформатор и фракционер често ги критикуваше политиките на сегашното и претходното лидерствот, а особено на телевизиските емисии, по што може да се заклучи дека некому тоа и му пречело внатре во самата партија.

Официјалното образложение кое за медиумот го дале од белата палата е дека Богојески е сменет поради непрофесионално вршење на должноста, несовесно извршување на задолженијата и повреда на партиските начела. Тој е само разрешен, но не и исклучен од партијата.

Тој е еден од лидерите на иницијативата за реформи во партијата која почна во времето на Никола Груевски особено во поглед на начинот на кој се определуваат оние кои го бираат лидерот и раководството на партиските конгреси со цел тоа да биде понезависно од други влијанија и интереси.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки