15 Декември, 2025
0.1867

Азески: Фактор во медиумите, фактор во креирање на економски мислења и ставови - Разликата е во декадите, но моќта е идентична

Објавено во: Економија 27 Септември, 2022 08:16

Добивај вести на Viber

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

Фактор во медиумите, фактор во известувањето, фактор во креирање на економски мислења и ставови. Едноставно името на медиумот апсолутно е синхронизирано со влијанието и моќта што ја има во креирање на јавното мислење, преку економскиот онлајн портал но и групата портали кои се дел од успешната ФАКТОР приказна. 10 години постоење во исклучително турбулентен период со кризи кои мутираат побрзо од вирусите, е само потврда за јакиот темел врз база на кој е изграден медиумот ФАКТОР. Со исклучително јасна визија и цел да биде влијателен во економскиот и бизнис свет, да делува во државата и да праќа јасни и конкретни сигнали што не чини, што треба да се смени, како тоа да се направи.

Секако Фактор, не би бил фактор во јавниот простор, ако не е воден од менаџмент каков што е тимот на медиумот на чело со Александар Манев. Успешен и докажан  професионалец во светот на финансискиот бизнис (актуелен генерален директор на Кроациа осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје), Алек Фактор, со изострен њух за бизнис, успеа да создаде успешна медиумска приказна со исклучително висока присутност кај читателската публика со уникатни вести, стории, анализи. И се разбира се` тоа не би имало смисол и успех, ако Алек не создал тим кој како и самиот портал е фактор во известувањето. 

Како докажан медиумски професионалец и фактор на јавните простори, многу јасно, Манев е дел и од органите и телата на Стопанската комора (член на УО). Така и од другата страна е дел од иницијативите и ставовите на деловниот сектор и активностите кои се преземаат во насока на креирање соодветен деловен амбиент за бизнисот.

А каде сме денеска на економски план? Во центарот на најнеизвесната состојба со светската криза, чија форма и негативно влијание секој следен ден носи нови непознати и неможност за предвидливост. Скапата струја е главата причина за најавите од многу компании за намалување на обемот на производство, што претставува ризик и за намалување на бројот на вработени демне како црн облак. Во таа ситуација, Комората како консултант на бизнисот и Комора на иднината воспостави кризна состојба во своето работење и сите ресурси ги насочи кон остварување само на една цел – да им помогне на компаниите да ја надминат кризата, да се обезбеди енергија за да опстои стопанството, а и целата економија, бидејќи без економија нема држава. Ние преку бизнис делувањето тоа го правиме 100 години, Фактор преку медиумскиот простор 10 години. Разликата е во декадите, но моќта е идентична.

Можеби ќе ве интересира

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

Македонија најевтина во Европа според цените на храната

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите