Македонија најевтина во Европа според цените на храната
Објавено во: Економија 15 Декември, 2025 10:28
Според најновата анализа на Еуростат, објавена деновиве, Македонија се наоѓа на дното на европската листа според трошоците за основните потрошувачки производи. Истовремено, тоа значи дека земјата е и најевтина во Европа кога станува збор за храната, безалкохолните пијалоци и тутунот.
Податоците на Еуростат се однесуваат на 2019 година, но јасно ја прикажуваат разликата меѓу европските држави во однос на цените на најпотребните производи. За задоволување на основните потреби, вклучувајќи и цигари, на македонскиот граѓанин му се потребни само 61% од средствата што се потребни на просечен жител на Европската унија.
Со други зборови, ако една просечна потрошувачка кошничка во земјите од ЕУ изнесува 100 евра, во Македонија таа би чинела речиси двојно помалку.
Веднаш по Македонија, како земја со најниски трошоци, се наоѓа Романија со 65% од европскиот просек, а потоа следуваат Полска и Турција. На спротивниот крај од скалата се Швајцарија (163%), Норвешка (157%) и Исланд (140%), каде што потрошувачката кошничка за истите производи е повеќе од двојно поскапа во однос на македонската.
Од земјите во регионот, БиХ (76%), Србија (78%) и Бугарија (78%) се блиску до дното, но сепак нивните граѓани издвојуваат значително повеќе пари за храна и пијалаци од македонските.
Анализата покажува дека Македонија има најевтина храна и риба, е втора по евтино месо и леб (веднаш зад Романија) и е веднаш зад Полска кога станува збор за цените на млекото и млечните производи. Во категоријата зеленчук, овошје и масло за јадење — Македонија убедливо го зазема првото место како најевтина земја во Европа.
Можеби ќе ве интересира
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност
Централната банка на Русија го тужи Еуроклир: бара 194,8 милијарди евра отштета
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година




