АЗЕСКИ И ЧАДЕЖ ДЕНЕСКА ГО ЧЕКААТ БИТИЌИ ВО БЕЛГРАД
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021 07:42
Заменик-претседателот
на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања,
координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи ќе биде гостин на
Коморскиот инвестициски форум – КИФ со седиште во Трст, кој денеска ќе одржи
седница на Управниот одбор во Белград
Копретседателите на Коморскиот инвестициски форум на 6-те земји на Западен Балкан, Бранко Азески и Марко Чадеж денеска во Белград ќе му бидат домаќини на Фатмир Битиќи, заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.
На седницата, претседателите на шесте стопански комори од регионот и членови на КИФ (Стопанската комора на Северна Македонија, Унијата на стопански комори на Албанија, Надворешно-трговската Комора на Босна и Херцеговина, Стопанската комора на Црна Гора, Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Косово) со вицепремиерот Битиќи ќе дискутираат за инвестициските политики во земјите од регионот на Западен Балкан, и потенцијалите како да се зголеми атрактивноста на регионот за странските инвеститори. Помеѓу останатото, ќе се дискутира за можностите за усогласување на политиките за привлекување на странски инвеститори помеѓу државите од регионот.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




