22 Ноември, 2024
0.1137

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за раст, развој и поголема конкурентност.

На двата одделни состанока со директорките на компаниите, Тодорка Ристовска од „Либерти АД Скопје и Марија Павловска Дуковска од „Макстил АД Скопје“,особено беше нагласена потребата од поддршка за обезбедување поволни услови за инвестиции, а се отворија и прашањата за главните предизвици со кои се соочуваат компаниите од металуршката индустрија, како што се глобалните промени на пазарите и зголемените барања за одржливост.

Зборувајќи за важноста на металуршкиот сектор во однос на целата економија, Азески потенцираше дека Комората ќе продолжи да биде партнер на компаниите во нивните заложби за развој и раст. Тој истакна дека металургијата е еден од најзначајните извозни сектори и Комората ќе ги засили напорите за обезбедување на мерки кои ќе го зајакнат извозот преку поддршка за нови инвестиции и подобрување на условите за работа.

Макстил АД Скопје“ е македонски производител на челик со долга индустриска традиција, чијшто производствен процес е составен од Челичарница со електропечка, казанска печка и контилив како и Валавница за производство на топловалани дебели лимови. Компанијата е присутна на пазарите во повеќе од 40 држави, а мнозински сопственик на компанијата е DITH.

„Либерти АД Скопје“ има 480 вработени. Има годишен производствен капацитет од 750к тони ладновалан, 200к тони поцинкуван како и 77к тони пластифициран челик. „Либерти АД Скопје“ опслужува клиенти од градежната и општата индустрија низ Балканот и Југоисточна Европа.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Откријте ја магијата на црниот петок со Hisense - трае до крај на ноември!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

НАПРАВИ ГО ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР-ТРИБИНА ЗА ЕДУКАЦИЈА ОД ЗАВИСНОСТИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

АДИНГ ЗАСАДУВА ЗА ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза