21 Ноември, 2024
0.0273

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка одбележува две години од своето патронство над Асоцијацијата за цистична фиброза. Преку низа активности за зголемување на свесноста и унапредување на животот на лицата со цистична фиброза во изминативе две години, НЛБ Банка ја потврдува својата посветеност да направи значајна разлика за оние кои живеат со оваа ретка состојба.

Еден од најголемите проекти реализирани во изминативе две години е комплетната реконструкција на Одделот за цистична фиброза при Универзитетска клиника за детски болести во Скопје, за која неодамна со поддршка на НЛБ Банка беше набавен и вибромасажер за физикална терапија во болнички услови, неопходен во третманот на пациентите. 

„Ова патронство е многу повеќе од финансиска поддршка. Ние две години стоиме покрај пациентите со цистична фиброза кои се соочуваат со бројни предизвици, искористувајќи ја секоја можност за засилување на нивниот глас.Како патрон и поддржувач на Асоцијацијата, говорејќи за оваа болест, веруваме дека значително ја зголемуваме свесноста за цистичната фиброза, но и за сите лица кои се справуваат со некоја ретка болест.“– истакнуваат од НЛБ Банка. 

Не помалку значајни се и донациите на Банката во медицински помагала кои ги користат пациентите со цистична фиброза во домашни услови - спирометри, инхалатори, стерилизатори и помагала за физикална терапија кои ги користат сите пациенти на возраст над 4 години, а служат за прочистување на белодробието на пациентите од секреција.

„Во име на нашето здружение, би сакале да изразиме искрена благодарност за вашата непоколеблива поддршка и великодушност во изминатите две години. Вашата посветеност како заштитник и патрон на пациентите со цистична фиброза има значително влијание врз животите на многу поединци заболени од оваа ретка болест, како и на нивните семејства. Донациите кои што ги добиваме во континуитет, не само што обезбедуваат основни помагала и медицинска поддршка, туку носат надеж и утеха на сите оние кои се борат со оваа предизвикувачка состојба. Вашата посветеност за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со цистична фиброза е длабоко ценета. Ние сме многу благодарни и со нетрпение го очекуваме продолжувањето на нашата соработка. Да направиме заедно позитивна промена во животите на оние кои се засегнати од цистична фиброза.“ - вели Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска. 

Инаку, денес се одбележува Интернационалниот ден за подигнување на свесноста за цистична фиброза која претстатвува комплексна, мултисистемска, живото-засегнувачка болест. Лицата заболени со цистична фиброза се во категорија на лица со трајна попреченост поради ретка хронична болест од најтежок облик. Во Македонија од цистична фиброза боледуваат над 140 пациенти.  

Асоцијацијата за цистична фиброза е непрофитно здружение на пациенти, родители/старатели на заболени од цистична фиброза чија основна цел се активности за подигнување на свесноста за цистична фиброза како една од најчестите ретки болести во светот и земјата, подобрување на условите и квалитетот на живот на лицата болни од цистична фиброза и помош на пациентите при обезбедување на лекови и медицински помагала.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат