Апасиев повторно се степа во Собрание
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2024
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, денеска повторно учествуваше во физички инцидент во Собранието.
На сесијата за пратенички прашања пратеникот замавна со предмет и упати закани кон еден од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по што зовреа страстите и настана турканица.
Претседателот на Собранието,Африм Гаши, по ова реши да прогласи пауза од 10 минути.
Инцидентот настана по вербален дуел помеѓу пратениците на Левица и ВМРО-ДПМНЕ.
Апасиев пред две години се закошка со тогашниот пратеник на СДСМ, Мартин Костовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.