ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пресврт за двојното убиство, Кешишев го сменил исказот
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2024
ВЛАТКО КЕШИШЕВ ГО СМЕНИЛ ИСКАЗОТ
Судењето за бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес доби драматичен пресврт по изјавата на обвинетиот Влатко Кешишев, кој преку писмена изјава го повлече своето претходно тврдeње дека Љупчо Палевски, познат како Палчо, бил со нив за време на извршувањето на двојното убиство.
Кешишев, кој претходно сведочеше дека Палевски бил присутен и го обвини како организатор на злосторството и извршител, во својата најнова изјава доставена од затворот до судот, откри дека бил под притисок од Велибор Манев. Според Кешишев, Манев ги принудувал него и Боре да лажат, заканувајќи им се со физичко насилство доколку не изјават дека Палевски бил извршителот на убиствата.Стефан Димковски, човекот што го возеше Љупчо Палевски од Белград до Турција сведочеше дека Палчо го викнал за да го врати во Македонија, но дека кога дошле во Ниш, Палевски го замолил да го однесе во Турција.
Димковски се познавал со Палевски од 2017 или 2018 година, а се запознале поради политички активности. Тој живее во Струмица. За Боре првпат слушнал кога отишол во притвор, а Велибор Манев го знае од 2020 година, но кажа дека не се во добри односи, поради лични причини.НАЈАВЕН Е ПРОТЕСТ ПОРАДИ ХАОСОТ СО ПРЕВОЗОТ ВО СКОПЈЕ
Над 28.000 студенти излегуваат на протест ако градоначалничката Данела Арсовска и ЈСП не најдат решение за јавниот превоз во Скопје.
13 ЛИЦА СЕ ОСУДЕНИ ЗА СИЛУВАЊЕ НА МАЛОЛЕТНИЧКА
Oсудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување.
Основниот кривичен суд Скопје, денска ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривичните дела Трговија со малолетно дете од чл. 418 – г, Силување од чл. 186 ст.2 и Прикажување порнографски материјали на малолетник од чл. 193 ст.3 од КЗ., при што сите 13 обвинети, судот ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар, а имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности ги осуди на казни затвор и тоа:
С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор.ШЕКЕРИНСКАТА ВЕЛИ ДЕКА НЕЈЗИНИОТ УСПЕХ Е И НА ДРЖАВАТА
Радмила Шекеринска се огласи по вчерашното назначување за заменик-генерален секретар на НАТО за да се заблагодари на бројните честитки и порача дека нејзиниот личен успех е успех на целата држава. Вели дека со гордост ќе ја претставува земјата во својата нова улога.
„Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Жените од руралните средини и понатаму се соочуваат со дискриминација при наследувањето на имот. Ова го покажува истражувањето кое го направи Организацијата на жени Битола, кое открива дека повеќето жени се оштетени при поделбата на семејниот имот, а многу од нив и самите планираат да ја повторат истата грешка со своите ќерки.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.