Азманов: Вимблдон го има Џоковиќ, во Македонија рекет број еден е Боки 13
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019 14:07
Се докажа дека се што зборував е вистина, вели за Фактор бизнисменот Зоран Азманов кој уште во февруари го обвини Бојан Јовановски за рекет.
Подолу целата изјава на Азманов:
„Рекетарството на Бојан Јовановски, викан Боки 13, кој ги злоупотребуваше врските со бившиот секретар на СДСМ, а воедно исто така беа злоупотребувани и други моќни фигури на власта како што Директорот на финансова полиција, Главната специјална обвинителка Катица Јанева, големиот директор за маркетинг – нејзиниот син кој вчера заврши факултет, а јас сето тоа го кажав пред 6 (шест) месеци и истото денес се потврди, каде што во неговата телевизија се најдени снимки со наводна компромитирачка содржина од мои приватни разговори, меѓу другото најдени се и за многу други бизнисмени со што се потврдува и моето тврдење дека институциите на државата – СЈО и Финансова полиција работеле во спрега со Боки 13 за мое рекетирање, а самата најава на Инсајдер Досие 03, каде сум претставен како Градежна мафија на квадрат, месец и половина пред да биде објавена емисијата, пред да ми се даде шанса да дадам било каков исказ и без да има било какви докази за било каква моја вмешаност на градежен бизнис со државата, ја покажува и докажува рекетарската намера на Боки 13 и неговата телевизија, кој во тоа време уживаше многу голема поддршка од луѓе во втор и трет ешалон од власта, а сега истите се разрешени. Таквиот рекет Боки 13 не би можел никогаш да го прави сам без да има помош од овие институции кои ги погоре споменав, без да има такви конекции со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и со директорот на Финансова полиција. Имам сознанија дека за мојата дискредитација преку Инсајдер, Боки 13 и неговите пајташи кои преку ред го пласираа во етер Досие 03 без никакви докази, истото исклучиво базирано врз лажни приказни дадени од страна на мои должници, примале огромна сума на пари од мојата конкуренција, кои не би сакал сега јас да ги споменувам, а за кои фирми точно се знае кои се, па заради тоа директорот на Финансова полиција од петни жили се трудеше да ме притвори мене и уште еден голем бизнисмен од градежниот сектор, само за да не тргнат од пазарот на недвижности во Скопје и на наше место да дојдат нови градежни компании, кои нема да ја имаат нашата конкуренција. Тое е причината зошто Боки 13 по секоја цена сакаше да ме дискретитира на таков подмолен и безобразен начин, со најава каква што беше и со немање никакви докази за било каква вмешаност во мафијашка работа од моја страна. Тоа што Сашо Ордановски го тврдеше во своите вести заедно со Боки 13, дека Инсајдер била емисија која се емитува врз основа на највисоки критериуми во новинарството и веродостојни докази излезе дека е чиста лага, па го повикувам овој познат новинар, наводно голем поборник за правда, го повикувам на било кој медиум на дуел за да видиме кој е градежна мафија, а кој е медиумска мафија и рекетар со аргументи и докази, а не со лажни приказни бидејќи тоа што беше изнесено во Инсајдер многу лесно се докажува дека не е вистина, а истото важи и за господинот Чомовски, кој заедно со Ордановски беа познати како најголеми поддржувачи и восхитувачи на добро познатиот рекетар Боки 13, злоупотребувајќи ја нивната моќ да влијаат преку медиумот кој го владеат. Многу е лесно да си направиш емисија за било кого и да го оцрниш, на база на лажни искази и лажни обвинувања без да се соочиш со фактичката вистина и аргументите на спротивната страна што се обидуваш да ја оцрниш. Тоа е најниското ниво на новинарство, спротивно на сите етички и морални кодекси на новинарството, токму тоа е тоа што го правеа Сашо Ордановски и Боки 13 заедно со своите соработници, вели Азманов во изјавата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
НИТУ ИМАМ НИТУ СУМ ИМАЛ УДЕЛ ВО ФИРМАТА“: Томовски бара извинување од СДСМ
И ТОШКОВСКИ ДОБИ ПОРАКА ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Возел над дозволеното
ЕВЗОНИ ДЕНЕСКА ЌЕ БИДЕ ДВА ПАТИ ЗАТВОРЕН: Внимавајте доколу одите кон Грција
СДСМ: Семејна фирма на Томовски добила скоро 5,5 милиони евра од тендери
„ЕСТАБЛИШМЕНТОТ Е ЗАГЛАВЕН ВО БЈРМ-ОВСКА ЗАВИСНОСТ ОД СРПСКО-РУСКИОТ СВЕТ“: Величковски вели дека Македонија е пред избор: ЕУ или изолација
ВМРО-ДПМНЕ НА КОНГРЕС: Мицкоски влегува во последниот мандат како лидер на партијата
Британска амбасада: Со Македонија соработуваме за борба против нерегуларната миграција
Продолжува „Фејсбук војната“ на експремиерите - Груевски до Заев: „Доста си се чукао и ударао у градима нашима“
Ќе има ли мигранти во Македонија: „Тајмс“ шпекулира, СДСМ реагира, ВМРО-ДПМНЕ негира





