02 Декември, 2024
0.0272

Бабовски: Почнува исплатата на средства за произведена и продадена риба

Објавено во: Агробизнис 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и  руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија.

Станува збор за исплата на средства за корисници на  Мерката „Финансиска поддршка за произведена и продадена риба на пазарот “  која се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура.

Оваа финансиската поддршка им следува на сите субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период  немаат увезено жива риба.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски преку соопштение информира дека поддршката се доделува скалесто во зависност од капацитетот на рибникоти продадена риба.

„Рибниците кои произвеле  и продале до 25 илјади килиограми риба  добија 100 отсто субвенција од 20 денари за продадена риба. Субјектите пак кои  произвеле и продале од 25.000 до 50.000 килограми  им е исплатена 75% субвенција за 20 денари продадена риба, додека пак оние субјекти кои имаат до 100.000 килограми субвенцијата изнесува 50% од 20 денари продадена риба. 25% субвенција следува на  оние субјекти кои имаат произведено и продадено над 100.000 килограми. „

За да се искористат средствата од оваа Мерка апликантите, односно, субјектите треба да се регистрирани за дејност аквакултура и да се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како  и да  немаат увезено порибителен материјал и жива риба. 


Фотографија Википедија

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.