19 Декември, 2025
0.1059

Баџанакот на Мијалков кој го прислушуваше УБК од денес ќе заседава со најпрестижната европска судска институција

Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 18:07

Добивај вести на Viber

Јован Илиевски од второпласиран, успеа да ја победи судијката во Уставниот суд Наташа Габер, и е третиот претставник од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Тој на гласањето кое се одвиваше во тајност освои 106 гласови од пратеници од Парламентарното собрание на Советот на Европа а денеска положи заклетва како судија .

Почнувајќи од денеска па во наредните девет години без право на реизбор тој ќе заседава во најпрестижната европска судска институција во името на Република Македонија.

Откако Илевски ја доби функцијата во Стразбур во јавноста се појавија доста прашања, меѓу кои и  како ќе суди Илиевски кога половина од предметите во Стразбур се поради повреди на постапката од обвиненијата кои тој како шеф на обвинителството ги процесуирал.

СВЕДОК, во овој случај потсетува на истражувањето на Саше Димовски од 2010 година во која се открива дека тајните служби со кои раководеше Сашо Мијалков го прислушувале неговиот баџанак Јован Илиевски а за овој скандал никој не покрена постапка. Доколку сега, масовното прислушување се најде на оценка во Стразбур, Илиевски ќе може преку сопствениот пример да им објасни на европските колеги што значи кршење на правото на приватност и серија други права утврдени во Конвенцијата, пишува овој медиум.

Јован Илиевски 18 години беше во обвинителството на Марко Зврлевски, а со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ тој стана шеф на одделот за борба против организираниот криминал и корупција. Илиевски, Социјалдемократите во повеќе наврати го обвинија за недоследност во одлуките, а како причина за тоа ја поврзуваа роднинската врска со поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков на кој што Илиевски му е баџанак.

Обвинителот Јован Илиевски во својата биографија има наведено дека во 2013 година докторирал на УКИМ на тема „Историја на македонското јавно обвинителство – позиција, улога и перспективи“.

Можеби ќе ве интересира

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан

„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан